Утре Лионел Меси ќе има нов натпревар против Реал Мадрид, но ова ќе биде прв пат да игра во друг дрес, а не во овој на Барселона.
Новинарот Гиљем Балаге кој ја пишува автобиографијата на Аргентинецот откри дека Аргентинецот во минатото бил блиску до потпис со Реал Мадрид. Во 2001 година кога Хавиер Парез Фаргељ бил именуван за нов генерален директор на Барселона направил ревизија на договорите кои биле склучени од неговиот претходник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога го погледнал договорот на Меси склучен неколку месеци претходно останал шокиран дека му биле гарантирани 100 милиони пезети (околу 600.000 евра) по сезона. Лео имал 14 години и сметал дека е премногу за толку младо момче“, пишува Балаге.
Веднаш подготвил нов договор со многу помала сума. Оправдувањето било дека клубот не можел да плаќа толкава сума на плата на младинец. Во разговорот еден од лидерите во раководството изговорил.
„Што се замислува дека е тој е? Марадона?!“.
Целата ситуација од Каталонија стигнала до Хорхе Валдано, во тоа време спортски директор на Реал Мадрид. Валдано стапил во контакт со семејството на Меси и ги известил дека тие се спремни да му дадат поголема плата.
На крајот сепак ваквиот трансфер никогаш не се реализрал, а Меси завршил во Барселона каде што испиша историја.