Својата кариера Кристиано Роналдо и Рикардо Кварезма започнаа да ја градат во португалски Лисабон.
На крајот кога ќе погледнеме од денешен аспект Роналдо направи многу повеќе иако секако дека и Кварезма имаше голем потенцијал. Многумина ќе кажат дека дури Кварезма бил и подобар, но трудот и посветеност го изградија Роналдо во она што е денес.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега во медиумите се појави приказна како Жорге Мендеш станал агент на двајцата Португалци.
Мендеш успеал да дојде до Кварезма и Роналдо пред Бекали, кој бил блиску да соработува. Двајцата поставиле услови, Роналдо побарал пари, а Кварезма ново порше. Така Бекали се откажал, а Мендеш ги исполнил нивните услови.
Сигурно дека одлуката да ги земе под свое на Мендеш на крајот му се исплатела.