Дома Фудбал Лига на шампиони Како изгледаше соблекувалната на Барселона по натпреварот на „Енфилд“?

Како изгледаше соблекувалната на Барселона по натпреварот на „Енфилд“?

Фудбалерите на Барселона долго нема да се опорават од шокот кој синоќа го дожвиеаа на „Енфилд“.

Каталонците преживеаа бламажа. Загубија од Ливерпул 4:0 и успеаа да испуштат огромни 3:0 од првиот натпревар. По натпреварот на „Енфилд“ во таборот на Барселона владееше потполн молк. Новинарот на „Спорт“, Алверт Масноу со интересни зборови опиша како сето тоа изгледаше.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Во соблекувалната на Барселона беше како на погреб. Фудбалерите беа во шок, не можеа да сфатат што се случи на Енфилд и како направија толку грешки. Тренерската личност се обидуваше да започне разговор со нив, но никој не беше заинтересиран. Никој не зборуваше со никого“, пишува „Спорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Детали за роденденската забава на Јамал: Добил синџир на подарок вреден 400.000 евра

Еден од најочекуваните родендени последните години во светот на фудбалот доби гламурозна, …