Дома Топ вести Како еден играч спречи трансфер на Роналдо во Јувентус!

Како еден играч спречи трансфер на Роналдо во Јувентус!

Поранешниот спортски директор на Јувентус, Џани ди Марцио откри дека „старата дама“ во 2002 година можела да го донесе Кристиано Роналдо, но трансферот пропаднал поради еден играч.

Ди Марцио истакна дека постоел договор помеѓу италијанскиот клуб и Спортинг Лисабон, но трансферот го блокирал тогашниот играч на „бјанконерите“ Марчело Салас.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Поранешниот спортски директор отишол во Лисабон за да го гледа Рикардо Кварезма, но наместо него вниманието му го привлекол тогаш 17-годишниот Роналдо.

„Веднаш му се јавив на претседателот и му кажав дека забележав еден играч кој би можел да стане најдобар во светот и еден од најдобрите на сите времиња“, се присетува Ди Марцио.

Тој постигнал договор со Спортинг, но како дел од трансферот требало да биде Марчело Салас кој не сакал да замине во Лисабон.

„За само неколку милиони евра Салас не сакаше да замине и така Јувентус го загуби Роналдо“, истакна Ди Марцио кој додаде дека оваа сторија може да ја потврди и агентот на Роналдо, Жорге Медеш.

Наместо во Италија, во 2003 година Роналдо се пресели во Манчестер Јунајтед, а останатото е историја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…