Фиорентина запиша минимална победа против Беневенто, во првиот натпревар без својот капитен Давиде Астори.
Херој за „волетовите“ беше Виктор Уго, кој во тимот се најде токму на местото на Давиде Астори, како негова замена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Артемио Франки“ му даде последна почит на својот прерано починат капитен, па мечот беше запрен во 13-та минута, а на трибините имаше фантастична кореографија.
Во првото полувреме Фиорентина го контролираше натпреварот и создаваше шанси, но потоа следеше пад во играта, па во неколку наврати домаќините го спасуваа голот.
Виктор Уго откако го постигна победничкиот гол во 25-та минута го прослави така што му салутираше на својот капитен Давиде Астори.