
Во текот на денешниот ден се очекува Милан да го комплетира трансферот на Марко Лазетиќ кој помеѓу „росонерите“ пристигнува од Црвена Звезда.
Според информациите Лазетиќ веќе го избрал својот број. 18-годишниот фудбалер ги помина медицинските прегледи и ќе потпише петгодишен договор со Милан.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Црвена Звезда од овој трансфер ќе добие околу пет милиони евра, плус процент од следниот трансфер. „Газета дело Спорт“ пренесува дека тој го избрал дресот со број 22 поради неговиот идол Кака.
Коментари