Бразилскиот репрезентативец Каземиро не е задоволен во Манчестер Јунајтед и сака да си замине од „Олд Трафорд“.
Тој не е во добри односи со тренерот Тен Хаг и жали што го напушти Реал Мадрид за да се пресели во Манчестер Јунајтед, кој и оваа сезона има слаби резултати.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Најсилен интерес за Каземиро покажуваат клубовите од Саудиска Арабија, кои нема да жалат пари да го доведат уште во јануари.
Според англиските медиуми Ал Наср спрема понуда и дека во трансферот може да одигра голема улога Кристиано Роналдо.
Роналдо е голем пријател со Каземиро и го убедил да ја прифати понудата и да му се придружи во Саудиска Арабија.