Дома Фудбал Англија Кандидатите за Манчестер Јунајтед имаат 10 дена да испратат нови понуди

Кандидатите за Манчестер Јунајтед имаат 10 дена да испратат нови понуди

Кандидатите за купување на Манчестер Јунајтед имаат 10 дена да ги достават новите понуди.

Денес претставници на шеикот Јасим бин Хамад Ал Тани ќе пристигнат на „Олд Трафорд“ за да ги претстават своите планови, додека во петок на ред ќе дојде другиот главен фаворит, Сер Џим Ретклиф.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Веднаш после овие официјални средби со инвеститорите ќе почне да тече рокот од 10 дена за доставување на нови понуди за купување на клубот.

Шеикот Јасим бин Хамад Ал Тани нема лично да патува во Манчестер. Тоа ќе го направи неговиот тим, кој вклучува директори на „Bank of America“ кои работат во Катар и адвокати, ќе го застапува на споменатиот состанок.

Ретклиф, кој е сопственик на компанијата Инеос, сака да купи 69% од акциите на семејството Глејзер и ќе пристигне лично од Ница, клубот во кој го има мнозинскиот удел.

Покрај идејата за целосно купување на клубот, ќе се разгледува и опцијата за делумна инвестиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПОНУДА КОЈА НЕ СЕ ОДБИВА: Мареска понуди 70 милиони за ѕвездата на Серија А!

Според италијанските медиуми, менаџерот на Челси, Енцо Мареска понуди 70 милиони евра за ѕ…