Барселона вчера одигра реми против Наполи 1:1, а еден од најслабите на теренот вчера беше Лионел Меси.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Меси вчера беше далеку од нивото на кое сме навикнати да го гледаме и освен што не постигна гол и не подели асистенција, не беше никаква опасност за голот на Италијанците.
Меси вчера имаше 0 креирани прилики за своите соиграчи, немаше ниту еден удар во рамките од голот, немаше ниту едно клучно додавања, имаше само два успешни дриблинзи од седум обиди и дури 15 изгубени топки.
Очигледно Аргентинецот немаше свој еден. Голот во второто полувреме со кој Барселона стигна до реми беше дело на Гризман после асистенцијата на Семедо.