Мадритска „Марка“ повикувајќи се на свои извори тврди дека Едисон Кавани е блиску до пристигнување во Мадрид. Не се во прашање Реал или Атлетико, туку Рајо Ваљекано кој во последната сезона заврши на 12-тата позиција.
Според „Марка“ играњето во Ла Лига е долгогодишна желба на 35-годишниот Уругваец, кој во кариерата има постигнато 418 гола за Палермо, Наполи, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и уругвајската репрезентација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот договор со Јунајтед истекува на крајот на месецот и тој наводно се понудил на Рајо, но единствен проблем му се финансиските побарувања кои ќе мора да се намалат за да може мадридскиот да го доведе.
Доколку дојде до реализација на ваков трансфер во предградието на Мадрид ќе се формира тандем напаѓачки легенди со оглед на тоа дека таму веќе е Радамел Фалкао кој во овој клуб пристигна минатото лето. Ќе потсетиме голот на Рајо го чува македонскиот голман Столе Димитриевски.