Раководните луѓе на Италијанската фудбалска федерација имаат намера повторно да му понудат на Антонио Конте да биде селектор на „аѕурите“.
Според медиумите на Островот, кои ја лансираа оваа информација, тоа најверојатно ќе се случи после Мундијалот во 2018 година. Се разбира доколку Италија го мине баражот и се пласира на СП.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Актуелниот селектор Џанпјеро Внетура има договор со репрезентацијата до 2020 година, но на Апенините не се задоволни од тоа како се претставува италијанската репрезентација во последно време.
Италијанските медиуми често пишуваат за тоа дека моментално атмосферата во соблекувалната е многу лоша, додека за времето на Конте било се одлично.
Англиските медиуми се сигурни дека Конте на крајот на сезоната ќе го напушти Челзи и ќе се врати во Италија, но многу поголеми се шансите да превземе некој клуб отколку репрезентацијата.