Дома Фудбал Италија Италијанците експресно го наградија Манчини за пласманот на ЕП

Италијанците експресно го наградија Манчини за пласманот на ЕП

Селекторот на Италија, Роберто Манчини, денеска официјално го продолжи договорот со оваа репрезентација.

Манчини пристигна на клупата на Аѕурите пред квалификациите за ЕП, кое се игра следното лето. Пред него имаше многу работа со оглед на смената на генерации, но успеа да ги спои коцките и на три кола пред крајот го осигура пласманот на ЕП.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Италијанците во сабота во Рим ја победија Грција со 2:0 и така го осигураа своето место на ЕП следното лето, а челниците на Фудбалскиот сојуз на Италија го наградија Манчини за овие резултати.

Имено, денеска е објавено дека Манчини го продолжи договорот со Аѕурите и дека ќе биде на ова место до крајот на 2022. година. Со тоа, Манчини ќе ја предводи италијанската селекција на ЕП и квалификациите за Мундијалот.

Манчини ја препороди играта на Италија откако пред две години на шокантен начин оваа селекција не се пласира на СП. Во седум натпревари во овие квалификации Италија забележа седум победи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Франс Фудбал“ проемни едно важно правило за да не се знае освојувачот на „Златната топка“ до последен момент

Златната топка вечерва на свечената церемонија во Париз во Театарот „Шатле“ во Париз. Лами…