Италијанските медиуми пишуваат дека Един Џеко на лето ќе ја напушти Рома, а наводно веќе е познат и новиот клуб на Босанецот.
Имено, Милан веќе стапил во контакт со менаџерите на Един Џеко и наводно „росонерите“ веќе добиле ДА од напаѓачот, па сега преостанува уште да се договорат со Рома.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Џеко веќе подолго време се поврзува со Милан, клубот за кој навивал во детството, а наводно сега е многу блиску до трансфер на „Сан Сиро“.
Босанецот оваа сезона постигна 27 гола и е прв стрелец во Серија А, а во Лига Европа постигна 8 погодоци на исто толку натпревари.
Милан е во потрага по врвен напаѓач кој ќе го замени Бака, па ако им се верува на медиумите тоа ќе биде токму Един Џеко.