Дома Фудбал Италија Италијанските клубови бараат казна за Јувентус, Милан и Интер за учество во Суперлигата

Италијанските клубови бараат казна за Јувентус, Милан и Интер за учество во Суперлигата

11 клуба од Серија А потпишале писмо со барање да се казнат Јувентус, Милан и Интер за учеството во Суперлигата.

Суперлигата која траеше само 48 часа покрена лавина реакции во фудбалска Европа, последната вест доаѓа од Ииталија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Дури 11 од клубовите од Серија А побарале казна за Јуве, Милан и Интер. На трите клуба воедно им се забележува и затоа што се уште не се официјално повлечени од проектот „Суперлига“, па потписниците на изјавата бараат санкции.

Но, Лега Серија А засега не се изјаснува и се очекува само да ги опомени бунтовниците, а не и да ги казни.

Клубовите кои го потпишале писмото се Рома, Торино, Болоња, Џенова, Сампдорија, Сасуоло, Специја, Беневенто, Кротоне, Парма и Каљари.

Со нив не се согласуваат Наполи, Лацио, Фиорентина, Аталанта и Верона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Ме сметаа за едно од најдобрите засилувања во Премиер лигата, а сега сум безвреден?“

Настапите на бразилскиот играч за врска Касемиро во Манчестер Јунајтед се под знак прашалн…