Италијанските гиганти Интер и Јувентус покажуваат сериозен интерес за ангажман на српскиот репрезентативец и член на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Српскиот репрезентативец не ужива голема доверба кај тренерот Солскер, па го загуби местото во првиот тим.
Матиќ има договор со клубот од „Олд Трафорд“ до 2020 година, па на лето ќе биде слободен агент.
Најсилен интерес за него покажуваат Интер и Јувентус кои сакаат да го доведат Србинот без обештетување следното лето.
Италијанските гиганти ќе имаат можност уште во јануари да започнат преговори со неговиот агент и да потпишат преддоговор.