Дома Фудбал Италија Италијанскиот суд одлучи: Титулата од 2006 година останува за Интер!

Италијанскиот суд одлучи: Титулата од 2006 година останува за Интер!

Жалбата на Јувентус да им се врати одземенатата титула од 2006 година, денес беше одбиена, со што и официјално таа останува во рацете на Интер и му се става точка на Калчополи.

Како што е познато титулата во 2006 година ја освои Јувентус предводен од Фабио Капело, но подоцна беше отворена аферата Калчополи, па на „бјанконерите“ им беа одземени две титули, од 2005 и 2006 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Титулата од 2006 година му беше доделена на Интер, кој таа сезона заврши на третото место на табелата, а Јувентус беше исфрлен во Серија Б.

Јувентус најпрво бараше да му биде одземено Скудетото на Интер, но Италијанската фудбалска федерација ја одби жалбата.

Потоа „бјанконерите“ се жалеа на суд, кој денес и официјално ја потврди одлуката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барди со проектил од далечина во убедливиот триумф на Коњаспор (Видео)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го остави својот белег во убедливата победа на Коњ…