Раководството на Интер е во напреднати преговори со италијанскиот талент Сандро Тонали, пренесува „Газета дело Спорт“.
Сандро Тонали важи за еден од најталентираните италијански фудбалери. Манчини му даде шанса и во сениорската репрезентација на Италија. Иако има само 19 години јасно е дека пред него е блескава иднина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Скоро сите поголеми клубови од Апенините покажаа интерес да го доведат во своите редови, меѓутоа Тонали веќе ја избрал следната дестинација.
Новинарот на „Газета дело Спорт“, Николо Скира пренесува дека Тонали веќе има договор со Интер, каде ќе потпише 5-годишен договор и ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона.
Сега останува уште двата клуба да ја договорат отштетата, а Бреша за неговата слобода бара 50 милиони евра, меѓутоа во договорот можат да бидат вклучени и фудбалери од младинскиот тим на Интер.
#Inter are in advanced talks with Sandro #Tonali. For the midfielder are ready 5-years contract with a wages of €2,5M a year + bonuses. Nerazzurri are working to reach an agreement with #Brescia, that ask €50M to sell him. #transfers
— Nicolò Schira (@NicoSchira) June 11, 2020