Дома Фудбал Останато Италијански доктор со потсмев му одговори на Роналдо за ПЦР тестот

Италијански доктор со потсмев му одговори на Роналдо за ПЦР тестот

Кристиано Роналдо беше нервозен затоа што не може да игра против Барселона во второто коло од Лигата на шампиони, па упати жестоки критики кон ПЦР тестовите.

Роналдо во текот на репрезентативната пауза направи тест на Ковид-19 и беше позитивен, а пред неколку дена имаше уште еден тест и повторно доби ист резултат.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Португалецот се тестираше и на 24 часа пред натпреварот, но резултатите беа позитивни и тој мораше да го пропушти мечот, а притоа испрати и контроверзна порака, која крена голема бура.

„ПЦР-тестот е сра*е“, напиша Роналдо на Инстаграм.

На коментарот на Роналдо се јави италијанскиот доктор Роберто Буриони, кој го исмеа и нападна Португалецот.

„Добредојде колега Кристиано Роналдо во нашата група виролози. Добро ќе ни помогнеш“, порача Буриони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тајгер Вудс пуштен од затвор, се огласи и Доналд Трамп

Познатиот голфер Тајгер Вудс е пуштен на слобода откако помина осум часа зад решетки порад…