Дома Фудбал Италија Италијански готвач ја откри тајната на Кристиано Роналдо

Италијански готвач ја откри тајната на Кристиано Роналдо

Познато е колку Кристиано Роналдо се грижи за своето тело и здравје, па на 36-годишна возраст се уште е еден од најдобрите во светот.

Тајните на неговата исхрана ги откри италијанскиот готвач Џорџо Бароне. Тој ја напушти својата работа на Сицилија во 2018 година и отиде да готви за Роналдо, со кого живееше три години.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Се грижи за своето тело да биде Ферари. Се храни со здрава, органска и природна храна. Риба, пилешко, јајца, говедско, авокадо и црн ориз. Не недостасува зеленчук, салати, морска храна и протеини, претежно од риба“, открива Бароне.

Но, најголемата тајна, како што тврди Бароне, се крие во специјално кокосово масло. Тоа е состојка која го заситува и зајакнува имунолошкиот систем, го стимулира варењето, го подобрува нивото на холестерол и помага во согорување на маснотиите во стомакот.

„Специјално кокосово масло. Му готвев храна со него. Важно е да пиете многу прочистена вода. Неговиот план за исхрана е комбинација од напорни тренинзи и добра храна, но одморот е исто толку фундаментален како и тренинзите и исхраната“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Повторно ништо,пожарникарите не дозволија враќање на “Камп Ноу”

По уште еден пат Барселона не доби дозвола веднаш да се врати на “Спотифај Камп Ноу”, дури…