Дома Фудбал Репрезентации Италија сепак можеби нема да ја пречека Македонија на „Ренцо Барбера“

Италија сепак можеби нема да ја пречека Македонија на „Ренцо Барбера“

Италија објави дека на 24. март Македонија во баражот за Светското првенство ќе ја пречека во Палермо на „Ренцо Барбера“, меѓутоа тоа може да се промени.

„Кориере дело Спорт“ објави дека состојбата на теренот е во лоша состојба, па селекторот Манчини и ФИГЦ стравуваат дали тој ќе биде во најдобра состојба за Македонија во март. Локалната власт во Сицилија веднаш одобрила 200.000 евра за поправка на стадионот и отстранување на некои недостатоци.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Одлучено било да се направат поправките откако инспекцијата го посетила стадионот.

„ФИГЦ го предложи Палермо за место каде ќе се игра полуфиналниот бараќ и тоа е важно за целиот регион на Сицилија, но меѓународните стандарди бараат некои работи кои мора да се направат и без нив не може да се организира натпреварот. Сицилија и Палермо ќе направат се за мечот да се одигра. Мора да одговориме посветено на предизвикот“, изјави Гаетано Армао кој е советник за економија и потпретседател на регионот Сицилија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Рома игра ужасно: Го има најлошиот старт во последните 46 години

Eкипата на Рома е во криза, а засега тимот не реагира позитивно ниту по враќањето на Клауд…