Дома Фудбал Италија Италија во чудо: Донарума се откажува од Раиола поради Милан

Италија во чудо: Донарума се откажува од Раиола поради Милан

Младиот италијански голман и еден од најголемите таленти во светот, Џанлуиџи Донарума преживува исклучително тешки моменти во Милан.

По втор пат оваа година се најде на жесток удар на навивачите на Милан, а со тоа се поклопија и бледите настапи на целиот тим.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Неговиот менаџер Мино Раиола во медиумите пласираше информации дека сака да го раскине договорот со Милан бидејќи Донарма бил под психолошки притисок кога потпишувал. Тоа не го прифатија добро навивачите и жестоко го нападнаа Џиџо.

Италијанските медиуми пренесуваат дека младиот голман е спремен да го раскине договорот со Раиола и во тој случај да го поправи односот со навивачите.

Неговото семејство исто така смета дека Раиола е главен виновник за целата ситуација и го поддржува Донарума во одлуката да го раскине договорот со него.

Џиџо преку Инстаграм негираше дека имал психолошки притисок кога го потпишувал договорот со Милан, што е негирање на тврдењата на неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Португалското чудо од дете ја „излуде“ Европа, неговата цена е 100 милиони евра

Родриго Мора, фудбалер роден 2007 година, оваа сезона го привлекува вниманието на јавноста…