Дома Фудбал Останато Истрага во Бразил: Цело семејство му се обложило дека ќе добие црвен картон

Истрага во Бразил: Цело семејство му се обложило дека ќе добие црвен картон

Фудбалерот на бразилскиот Фламенго е под истрага на полицијата поради намерно добивање на црвен картон, а вниманието го привлекла ситуацијата во која членови на негова фамилија одиграле во обложувалница дека ќе биде исклучен.

Станува збор за поразот на Фламенго од Сантос со 2:1 во ноември 2023 година, тогаш Енрике направи прекршок во финишот, а потоа го нападна и судијата и беше испратен во соблекувалната.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Неговиот потег станал соминителен кога биле забележани големи уплати и тоа од членови на семејството, но и од друга група која е под истрага. На црвен картон за Енрике се обложиле: Братот на фудбалерот, неговата снаа, братучедката…

Фламенго објави дека Енрике ја има нивната доверба, но и дека ќе соработуваат целосно со службите.

Зад себе Енрике има два настапи во бразилската репрезентација, а во Европа настапуваше и за Волфсбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Винисиус го наруши молкот после дебаклот во Лондон

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за прв пат јавно проговори за вчерашниот тежок по…