Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес ја започна 377-та недела на врвот на АТП листата со што го израмни рекордот на Германката Штефи Граф.
Сега на Ѓоковиќ му е потребна само една недела да стане апсолутен рекордер со недели поминати на врвот на АТП или ВТА.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зад Ѓоковиќ и Граф, трета на листата е Мартина Навратилова со 322 недели, потоа Серена Вилијамс со 319, па Роџер Федерер со 310 на петтата позиција.
Во топ 10 се уште Пит Сампрас со 286, Иван Лендл 270, Џими Конорс 268, Крис Еверт 360, додека Мартина Хигинс и Рафаел Надал на врвот поминаа по 209 недели.