Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Историја: Пуки и друштвото се пласираа на Европското првенство! (ВИДЕО)

Историја: Пуки и друштвото се пласираа на Европското првенство! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Финска вечерва за прв пат се избори за пласман на едно Европско првенство!

Финците во еуфорија вечерва во Хелсинки го пречекаа Лихтенштајн и не пропуштија ваква златна шанса. Лихтенштајн беше победен со 3:0.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Туминен во 21-та минута го отвори резултатот, а Пуки од белата точка зголеми на 2:0. На 15 минути пред крајот Пуки со својот втор гол ги постави конечните 3:0.

На едно коло пред крајот Финците направија недостижна разлика и нивниот натпревар против Грција ќе биде само формалност како и натпреварите на Босна со Италија и Лихенштајн во понеделник. Покрај Финска на ЕП од оваа група ќе потсетиме оди и Италија.

Во терминот од 18:00 часот се одиграа уште два натпревари Ерменија ја победи Грција со 1:0 и Норвешка беше убедлива против Фарски Острови со 4:0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Шок за ПСЖ и аларм во Европа: Луис Енрике заминува?!

Според информации од Шпанија, поточно од Марка, шпанскиот тренер не планира да го продолжи…