Дома Фудбал Франција Историски момент во Франција: За првпат жена ќе суди во финалето на купот!

Историски момент во Франција: За првпат жена ќе суди во финалето на купот!

Oваа година историски момент ќе видиме во Франција, донесена е одлука финалето на Купот на Франција да го суди жена.

Фудбалската федерација на Франција ја одреди Стефани Фрапар за главна на теренот во битката за трофејот во францускиот куп каде што ќе се сретнат Ница и Нант. Финалето е закажано за на 7. мај.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Инаку, Фрапар претходно во 2019 година стана првата жена која започна да суди во Лига 1, па сега повторно го носи женското судење во Франција чекор напред. Првиот натпревар на кој делеше правда во Лига 1 беше дуелот меѓу Амиен и Стразбур. Tреба да се додаде дека таа стана и првата жена која судеше на натпревар во Лигата на шампионите, па за очекување во иднина да добива и нови важни натпревари, како во Франција, така и во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Арсенал „гази“ сè пред себе, но навивачите жестоко се нафрлија на големата ѕвезда на клубот

И покрај победата на Емирејтс против Брентфорд со 2:0, навивачите на Арсенал се нафрлија н…