Баварците пред својата публика пред неколку недели го совладаа Бешикташ со 5:0 и беше јасно дека ќе се пласира во следната фаза на натпреварувањето.
Сепак и во Истанбул одеа на победа, славеа над турскиот шампион.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тоа беше дури 32. триумф за Јап Хајнкес во елитното натпреварување и 11. во низа.
Имено, Баварците сезоната 2012/13 ја завршија со освојување на Лигата на шампионите, а заклучно со триумфот во финалето врзаа пет победи. Тогаш на клупата на тимот од Минхен, исто така седеше искусниот Хајнкес. Сеа врзаа шест победи, па така Хајнкес стана првиот тренер кој врзал во историјата 11 победи.