Атмосферата во соблекувалната на Реал Мадрид оваа сезона е далеку од идеална, а јавна тајна е дека некои играчи на овој клуб и не се поднесуваат.
Шпанскиот „Diario Gol“ објави приказна за актуелната атмосфера во соблекувалната на „кралскиот“ клуб, а наводно, во центарот на вниманието се наоѓа Иско кој не е во најдобри односи со ѕвездите на овој клуб. Наводно, Иско не ги сака Роналдо, Бејл, Бензема и Варан, а причините се навистина бизарни.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што пренесуваат медиумите на Пиринеите, Иско разговарал со Зинедин Зидан и му открил зошто не ги сака споменатите играчи. Наводно, Иско не може да го поднесе стилот на живот на Роналдо, кој влијае на останатите играчи во клубот кои немаат можност за скапи автомобили, јахти и приватни авиони.
Што се однесува на Бејл, главната причина што Иско не го сака е што има помала минутажа во однос на Велшанецот. Покрај тоа, Иско смета дека Бејл не поминува доволно време на тренинзите и дека не е премногу посветен на клубот. Кај Бензема не сака тоа што ужива во ноќниот живот и познато е дека Иско го нарече „крал на ноќните клубови“.
Со Варан ситуацијата е нешто „поблага“, бидејќи Иско призна дека е во добри осноси со него, но му се лути за тоа што редовно доцни на утринскиот тренинг. Наводно, тоа е поради тоа што Варан сака да гледа НБА и често останува буден до доцните часови гледајќи ја најдобрата кошарка во светот.