Од доаѓањето на Жулиен Лопетеги, Иско стана еден од најстандардните играчи, повредата го спречи да игра колку што сака, но беше јасно дека кај поранешниот шпански тренер ќе има голема улога.
Сепак, Реал Мадрид целосно беше потопен под водство на шпанскиот стратег, кој по дебаклот во „Ел Класико“ заработи и отказ. На неговото место беше поставен Сантијаго Солари, Аргентинецот претходно работеше во Кастиља, па логичен беше изборот како привремено решение.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Сепак, Солари сега веќе се наметнува како сериозна опција, се повеќе се шпекулира дека ќе добие и договор од Флорентино Перез, а тоа не му се допаѓа на Иско. Тој е во втор план под водство на новиот тренер, по само неколку натпревари веќе покажува незадовослтво, медиумите во Шпанија пренесуваат дека уште во јануари ќе сака да си оди.
Таква вест со нетрпение ја чека Јувентус кој за него е заинтересиран веќе подолго време и сега во јануари ќе се обиде да го донесе, сепак треба добро да размисли, бидејќи Иско нема да биде ефтин.