Фудбалерите на Иран изборија пласман на Светското првенство во 2018 година и станаа третата селекција по домаќинот Русија и Бразил, која се пласира на Мундијалот.
Иран, во Групата А, го совлада Узбекистан со 2:0, со головите на Азмун и Тареми и на две кола до крајот на квалификациите има 20 бодови на првото место, осум повеќе од третопласираниот Узбекистан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пласман од А групата на СП ќе избори уште една репрезентација, а во моментов на второто место се наоѓа Јужна Кореја со 13 бодови.
Репрезентацијата на Иран во досегашниот тек од квалификациите нема примено ниту еден гол. Селектор на оваа селекција од 2011 година е поранешниот тренер на Реал, Португалецот Карлос Кеирош.