Teжок инцидент се случи вчера на натпреварот од Третата лига – Север помеѓу Куманово и Шкендија Арачиново.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Натпреварот се играше во Доброшане, а откако домаќините го постигнаа вториот гол кој се покажа и како победнички настанаа инциденти.
Гостинските навивачи од Арачиново кој дојдоа да навиваат за својот тим, беа незадоволни што домаќините се радуваа на голот, па тргнаа да се пресметаат, но тогаш реагираше полицијата која успеа некако да воспостави контрола да не настане целосен хаос.
На теренот можеа да се забележат неофицијални лица кои бараа некаква правда, а најголемите проблеми се случуваа до теренот, каде што полицијата се обидуваше да спречи поголем хаос.