Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Инфантино го бранеше Катар и го нарече Европејците лицемерни

Инфантино го бранеше Катар и го нарече Европејците лицемерни

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино го обвини Западот за „лицемерие“ во известувањето за состојбата со човековите права во Катар пред Светското првенство.

Рече дека европските нации треба да се извинат за делата извршени во нивната историја, наместо да се фокусираат на прашањата за работниците мигранти во Катар и да критикуваат за организацијата на Мундијалот.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Денес имам силни чувства. Денес се чувствувам Катар, се чувствувам Арап, се чувствувам Африканец, се чувствувам геј, се чувствувам инвалид, се чувствувам како печалбар”, рече Инфантино.

„За она што ние Европејците сме го правеле низ светот во изминатите 3.000 години, треба да се извинуваме во следните 3.000 гдоини, пред да почнеме да даваме морални лекции на други. Колку од овие европски и западни бизнис компании кои заработуваат милиони и милијарди од Катар, колку од нив се обратиле до катарските власти за правата на мигрантите работници? Ниту една“, додаде Инфантино.

За Инфантино исто така нема ништо спорно што е забранет алкохол на стадионите во Катар.

„Има преку 200 места во Катар каде можете да купите алкохол. Има преку 10 фан зони во кои преку 100.000 луѓе заедно можат да пијат пиво. Ќе преживеете три часа без пиво!“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

УЕФА ги одреди судиите за натпреварот Македонија – Летонија

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе го игра натпреварот против Летонија во ра…