Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез одигра одлично Светско првенство на кое беше прогласен и за најдобар голман, па очекувано е Астон Вила добива понуди за неговите услуги.
Во јавноста се огласи менаџерот на Мартинез и порача дека негова главна цел ќе биде да брани во клуб кој игра во Лигата на шампионите, тоа би можело да се случи веќе во јануарскиот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„После СП Мартинез може да го ангажираа само неколку клубови. Нормално е цената да му порасне по таквиот настап. Наша цел ќе биде да оди во клуб кој игра во Лигата на шампионите“, изјави Гони.
Во минатото Мартинез беше дел од Арсенал, но не остави некој посебен впечаток додека беше во редовите на „топџиите“.