Главната трансфер мета на Јувентус ова лето, Стивен Нзонзи би можел на крајот да заврши во Интер, пренесуваат италијанските медиуми.
Нзонзи ги договори личните услови со „старата дама“, но италијанскиот шампион не може да најде заеднички јазик со Севиља околу отштетата.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Имено, Севиља бара 40 милиони евра за неговиот потпис, па тоа го натера Јувентус да се сврти кон други мети, пред се Матуиди.
Таквата ситуација може да ја искористи Интер кој веќе стапил во контакт со шпанскиот клуб и е спремен покрај пари да го понуди и Стеван Јоветиќ.
Спалети сака да донесе еден врвен играч за врска, а поради потешкотиите да стигне до Наинголан, смета дека Нзонзи ќе биде идеално засилување за неговиот тим.
Италијанските медиуми тврдат дека Интер би можел да го „украде“ и Даглас Коста кој исто така се поврзуваше со Јувентус.