Дома Топ вести Интер тргнува по напаѓачот на Ајакс

Интер тргнува по напаѓачот на Ајакс

Интер е во потрага по квалитетен напаѓач кој ќе може да биде долгорочна замена за Един Џеко.

Босанецот игра одлично оваа сезона, но има 35 години, па Интер веќе започна потрага по негова замена, а прва желба е голтерегот на Ајакс, Себастијан Халер.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Халер игра фантастична сезона во Ајакс каде на 34 меча постигна 32 гола, а во групната фаза од Лигата на шампиони постигна 10 гола.

Овој 27-годишен напаѓач претходно беше во Вест Хем, но не се прослави во Премиер лигата, а сега во Ајакс игра во животна форма.

Интер стапил во контакт со неговиот агент и медиумите тврдат дека Халер ќе биде примарна цел на „нероаѕурите“ следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…