Oткако Интер го доведе Раџа Наинголан од Рома, наскоро „нероаѕурите“ би можеле да претстават уште едно големо засилување.
На изненадување на многумина Наинголан донесе одлука да ја напушти Рома каде што беше еден од најважните играчи и да се пресели во редовите на Интер, клуб со кој потпиша договор до 2022 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа Интер се враќа во Лигата на шампионите оваа сезона и нема намера да застане тука.
„Нероаѕурите“ сега го сакаат Артуро Видал кој е се поблиску до заминување од Баерн.
Наводно самиот Чилеанец изразил желба да го облече дресот на Интер, се наведува и дека германскиот клуб нема да му стои на патот.
Според информациите на медиуми, Баерн за Видал очекува оштета од 30 милиони евра што не би требало да биде проблем за управата на клубот од Милано.
Директорот на Интер Пјер Ауслио веќе е во Минхен каде што работи на трансферот и ќе се обиде да го купи Видал за 23 милиони евра, сепак како што споменавме и 30 милиони не би требало да претставуваат проблем за играч каков што е Видал
Иначе Видал веќе играше во Серија А каде што го носеше дресот на големиот ривал на Интер, Јувентус.
Inter Milan sporting director Piero Ausilio is in Munich to negotiate a deal with Bayern for Arturo Vidal. Inter will make an offer between €23m and €24m. Bayern asking for €30m. Vidal has made it clear that he wants to return to Italy with Inter [Sportmediaset] pic.twitter.com/jmBvo614RU
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) July 21, 2018