Дома Фудбал Италија Интер ставил специјална клаузула во договорот на Икарди, ќе добие 15 милиони ако…

Интер ставил специјална клаузула во договорот на Икарди, ќе добие 15 милиони ако…

Италијанските медиуми пренесуваат дека ПСЖ и Интер после интензивни преговори постигнале договор за трансферот на Икарди и се чека само официјална потврда.

Како што е познато ПСЖ во договорот има опција да го откупи Икарди за 70 милиони евра, но не беше спремен да ја плати таа сума.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наместо да ја активираат откупната клаузула ПСЖ започна преговори со Интер и испратил понуда од 50 милиони евра плус 8 милиони во форма на бонуси.

Интер ја прифати таа понуда, но во договорот ставил специјална клаузула за следната продажба на Аргентинецот.

Имено, доколку ПСЖ во иднина го продаде Икарди на друг италијански клуб, Интер ќе добие додатни 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…