Раководството на Интер е спремно да се раздели со дефанзивецот Милан Скриниар ова лето, пренесува новинарот на „Газета дело Спорт“, Николо Скира.
25-годишниот Скриниар оваа сезона не блеска во формација со тројца дефанзивци и поради тоа Интер е спремен да го продаде.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За него силен интерес покажуваат Манчестер Сити и Пари Сент Жермен. Еминентниот новинар тврди дека Интер веќе ја одредил цената и за неговата слобода бара 60 милиони евра.
Оваа сезона Скриниар запиша 37 настапи во сите натпреварувања на кои успеа да запише и 2 асистенции.
#Inter no longer consider #Skriniar as not for sale & should a €60M bid arrive the #Nerazzurri are open to selling him when the transfer window opens & would use those funds to satisfy #Conte’s requests on the transfer market. #ManCity & #PSG have already enquired about him
— Nicolò Schira (@NicoSchira) July 16, 2020