Интер оваа сезона ја отвори одлично па многумина веруваа дека може да го нападне Скудетото, но „нероаѕурите“ паднаа во вториот дел од сезоната па примарна цел е пласман во Топ 4.
Сепак, планото на миланскиот гигант е значително да го засили тимот на лето и следната сезона конечно да биде конкурент за шампионската титула.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството има план да донесе 4 големи засилувања и веќе работи на нив.
Првото засилување за следната сезона ќе биде одличниот аргентински напаѓач Лаутаро Мартинез, чии трансфер е веќе договорен и ќе изнесува 24 милиони евра.
Второто засилување е холандскиот дефанзивец Стефан де Вриј кој доаѓа од Лацио како слободен играч. Дефанзивецот веќе постигна договор со „нероаѕурите“ и ќе заработува 4,2 милиони евра по сезона.
Голема желба на Спалети е Кевин Стротман од Рома. „Нероаѕурите“ веќе работат на тој трансфер и се спремни да го жртвуваат Марсело Брозовиќ за да дојдат до потписот на Холанѓанецот.
Четвртото засилување треба да биде на левата бековска позиција, а се споменуваат две опција. Првата е Квадво Асамоа од Јувентус, а втората е Доменико Кришито од Зенит. И двајцвата на лето ќе бидат слободни агенти и можат да во Милано да пристигнат без пари.