Дома Топ вести Интер спрема „бум“ на пазарот и прави тим за Скудето!

Интер спрема „бум“ на пазарот и прави тим за Скудето!

Како што пренесуваат италијанските медиуми Интер успеа да ги исполни условите за Финансискит фер-плеј и да инкасира 30 милиони евра до крајот на јуни, па сега спрема жесток напад на трансфер пазарот.

Кинеските сопственици му дадоа одврзани раце на спортскиот директор Валтер Сабатини, кој на располагање ќе има 150 милиони евра, а целта е да се создаде силен тим кој ќе може да конкурира за Скудето


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


После Скриниар од Самдорија на чекор од „Џузепе Меаца“ е и Борха Валеро, но тоа е само почеток.

На Апенините тврдат дека позади одлуката Манолас да го одбие Зенит стојат токму „нероаѕурите“ кои сега нема да имаат проблем да и платат на Рома 35 милиони евра за грчкиот дефанзивец.

Најголемата желба е Раџа Наинголан за кого Интер е српемен да понуди 60 милиони евра или 50 милиони плус Јоветиќ, но ќе биде тешко да се убиди Рома која не сака да слушне за продажба на својата најголема ѕвезда.

„Нероаѕурите“ сигурно ќе донесат една голема ѕвезда во нападот, а најголема желба е Анхел ди Марија од ПСЖ.. Како алтернатива се споменува Даглас Коста од Баерн кој беше блиску до Јувентус, но „бјанконерите“ најверојатно се откажаа од Бразилецот и се свртија кон други мети.

Во овој случај Перишиќ готово сигурно останува во Милано. Клубот сега нема потреба да го продава, Спалети го сака во тимот, а раководството му понуди нов договор.

Одбраната сигурно ќе биде засилена и на бековските позиции, а мети се Лукас Дињ од Барса и Матео Дармијан од Манчестер Јунајтед.

Со сите овие засилувања и одличен тренер на клупата, фановите сигурно ќе очекуваат напад на Скудетото следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид следното лето носи две ѕвезди бесплатно

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …