Интер започнал преговори за трасферот на напаѓачот на Џенова, Алберт Гудмудсон, пренесува „Газета дело Спорт“.
26-годишниот Исланѓанец блеска оваа сезона во дресот на Џенова и го привлече вниманието на многу европски клубови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Гудмундсон сака да остане во Италија и веќе постигнал договор со Интер, а Џенова за неговиот потпис бара 30 милиони евра.
Двата клуба се во одлични односи, а „нероаѕурите“ веќе почнале преговори и се спремни да платат 25 милиони на неколку годишни рати.
Интер ова лето ќе се ослободи од Арнаутовиќ и Алексис Санчез, па најголема желба е токму Гудмундсон.