Дома Фудбал Италија Интер се договори со Брозовиќ, преговара со Перишиќ

Интер се договори со Брозовиќ, преговара со Перишиќ

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер и Марсело Брозовиќ постигнале договор за продолжување на соработката.

Преговорите за нов договор траеа подолго време бидејќи двете страни не можат да најдат заеднички јазик.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На крај Интер се согласи да ги задоволи барањата на хрватскиот плејмејкер и му понуди 4-годишен договор тежок 6 милиони евра по сезона.

Двете страни треба да ги договорат последните детали и наскоро Брозовиќ ќе стави потпис на нов договор.

Притоа, Интер започнал преговори и со Перишиќ на кого договорот му истекува на крајот на сезоната. Се веруваше дека Хрватот сигурно ќе си замине на крајот на сезоната, но тренерот Инзаги сака да го задржи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Силва сигурно заминува, а можеби и Родри: Сити за замената мора да плати барем 100.000.000 евра

Манчестер Сити летово повторно ќе доживее важни промени. Капитенот Бернардо Силва заминува…