Кристиан Ериксен благодарение на одличните партии за Тотенхем изминатите години стана еден од најдобрите играчи за врска во светот.
Со оглед дека неговиот договор со Тотенхем истекува на крајот на сезоната, клубот кој ќе го осигура неговиот потпис сигурно ќе добие големо засилување и тоа за нула евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека Данецот на маса има понуди од три клуба и сега е во дилема која да ја избере. Од поодамна интерес за него покажаа Реал Мадрид и Јувентус, а сега во тракат се вклучи и Интер.
Марота имал состанок со агентите на Ериксен и започнал преговори за негов трансфер во Милано. Проблем може да биде тоа што Данецот бара плата од 10 милиони евра по сезона.
27-годишниот плејмејкер бара 4-годишен договор, па останува да видиме дали „нероаѕурите“ се спремни да ги задоволат неговите финансиски барања.