Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер сака да ја „украде“ ѕвездата на Рома, Пауло Дибала.
Дибала има договор со Рома до 2025 година, но и клаузула од 12 милиони евра која е активна ова лето бидејќи „волчицата“ не обезбеди пласман во ЛШ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Интер сака да ја искористи таквата ситуација и да го доведе Аргентинецот на „Џузепе Меаца“ за симболична сума.
Интер е во потрага по напаѓач откако пропадаа преговорите за враќање на Лукаку, а Инзаги верува дека Дибала ќе биде идеален партнер на Лаутаро Мартинез.
Директорот Марота веќе почнал преговори со агентот на Аргентинецот, но Дибала тешко ќе се согласи да се пресели во Интер, бидејќи минатото лето „нероаѕурите“ го извисија.