Дома Фудбал Италија Интер пронајде начин како да го откачи Јунајтед- Погледнете што стави во клазулата на договорот со Перишиќ

Интер пронајде начин како да го откачи Јунајтед- Погледнете што стави во клазулата на договорот со Перишиќ

За трансферот на Иван Перишиќ во Манчестер Јунајтед се пишуваше многу, но „работата не летото“ не се случи. Се остана на само шпекулации…

Манчестер Јунајдед наводно понуди 40 милиони евра оштета, а Интер не сакаше да го пушти својот играч за помалку од 50 милиони евра. Наместо постпис за Јунајтед, Перишиќ овие денови треба да потпише нов договор со Интер. Италијанците јавуваат дека клубот сака да го врзе за себе до 2022. година, со значително повисоки приходи (околку 4,5 милиони евра годишно, што е блиску до најплатениот играч на Интер, Мауро Икарди), но со многу интересна клаузула во договорот.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Како што пишува „Gazzetta dello Sport“, станува збор за „анти-Манчестер Јунајтед клаузула“, која европските клубови би ги исфрлила од трката за нивниот играч. Интер во новиот договор не ја фиксираше висината на трансфер оштетата, што е отежнувачка околност за клубовите кои сакаат да го доведат Перишиќ од Милано.

Доколку Мурињо повторно се заинтересира за Перишиќ, Интер ќе ги диктира условите. „Тоа е фудбалот, Интер покажа сила и решителност да го задржи играчот кој е важен за нив“, изјави Мурињо во август, на прашањето за трансферот на Перишиќ.

Хрватскиот репрезентативец одлично ја отвори сезоната со постигнатиот гол против Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Привремениот тренер на Лестер: Ван Нистелрој? Мислев вие знаете повеќе…

Привремениот менаџер на Лестер Бен Досон денеска изјави дека не знае ништо за наводното на…