Трампата помеѓу Интер и Рома која ги вклучуваше Един Џеко и Алекс Санчез, нема да се реализира, потврди директорот на „нероаѕурите“, Бепе Марота.
Џеко беше во трансферните планови на Интер уште во летото, па клубот се обиде да го донесе после расправијата на Босанецот со тренерот Фонсека, но договор не беше постигнат.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Исто така, Кристиан Ериксен,кој се сметаше дека сигурно ќе го напушти клубот, сепак останува во Интер.
„Пазарот на Интер е завршен. Размена Џеко – Санчез нема да има, не ни влеговме во сериозни преговори за таа трампа. Ние не можиме да си дозволиме да трошиме пари во овој преоден рок. Ериксен сигурно останува во Интер“, изјави Марота.