Интер го доби дербито со Наполи и ја продолжи серијата на победи, Милан едвај до бод против Џенова.
„Нероаѕурите“ ја потврдија фантастичната форма и дојдоа до важна победа против Наполи со голот на Ромелу Лукаку.
Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓
Во првото полувреме видовме неколку шанси на двете страни,но мрежите мируваа. Клучниот момент се случи во 71-та минута кога Лукаку погоди од белата точка, а Наполи остана без Инсиње, кој доби црвен картон.
Милан со десеткуван тим и без неколку важни играчи се спасуваше од пораз против Џенова. Домаќините два пати доаѓаа во предност со головите на Матија Дестро, а за „росонерите“ погодија Калабрија и Калулу.