Дома Фудбал Италија Интер подготви понуда за Видал, каков ќе биде одговорот на Барселона?

Интер подготви понуда за Видал, каков ќе биде одговорот на Барселона?

Интер ја подготви својата прва понуда за играчот од средниот ред на Барселона, Артуро Видал.

Нероаѕурите со нетрпение го чекаат почетокот на зимскиот преоден рок да се засилат за продолжение на сезоната, а Антонио Конте на мета има неколку имиња.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Видал е еден од нив и според пишувањата на италијанските медиуми Интер за него ќе понуди 12 милиони евра.

Чилеанецот оваа сезона има одиграно 19 натпревари за каталонскиот тим и постигна пет гола, но во повеќето натпревари тој влезе во игра од клупата и не е задоволен од неговата досегашна позиција во тимот.

Ова беше потврдено минатата недела кога во пресрет на Ел Класико шпанските медиуми објавија дека Видал го напуштил тренингот на Барселона кога дознал дека нема да биде стартер на тој натпревар.

Конте сака да го види Видал во својот тим, но Барселона сепак инсистира на цена од 25 милиони евра, па се чини дека понудата на Интер од 12 милиони евра е само увертира за приближување на двата клуба во преговорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Оливие Жиру се враќа во Франција

Оливие Жиру (38) ја заврши својата авантура во Лос Анџелес и се враќа во Европа, конкретно…