Младиот чешки фудбалер Патрик Шик минатото лето пристугна во Сампдорија и со своитепартии го привлече вниманието на неколку италијански гиганти.
Италијанските медиуми тврдат дека милански Интер е сериозно заинтересиран за младиот напаѓач и сака да го донесе на „Џезепе Меаца“ како алтернатива за Мауро Икарди.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Сампдорија е свесна за инетресот на големите клубови и веќе му понуди нов договор во кој ќе има откупна клаузула од 40 милиони евра, па поради тоа Интер ќе мора брзо да реагира.
Шик ова сезона одигра 21 натпревар за Сампдорија, постигна седум гола, но главно натпреварите ги започнуваше од клупата.
Се верува дека на Интер ќе му бидат доволни 12 милиони евра за да го донесе напаѓачот во своите редови. „Нероаѕурите“ имаат одлична соработка со клубот од Џенова од каде во минатото ги донесоа Мауро Икарди и Едер.