Дома Фудбал Лига на шампиони Интер победи, Барселона продолжува во Лигата на Европа

Интер победи, Барселона продолжува во Лигата на Европа

Во натпреварот од 5. коло од Лигата на шампионите во групата Ц, фудбалерите на милански Интер на свој терен ја совладаа Викторија Плзен со 4:0.

Победата на италијанскиот клуб значи и дека Барселона, без разлика на исходот од натпреварот против Баерн, продолжува во Лигата на Европа.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Иако каталонскиот клуб се надеваше дека тимот од Плзен ќе успее да оствари поволен резултат, вечерва не беа ни блиску до тоа, згора на тоа, во 90 минути не упатија ниту еден удар кон противничкиот гол.

Интер поведе во 35. минута со голот на Миктаријан на асистенција на Бастони. На 2:0 зголеми Един Џеко само седум минути подоцна по одличен напад и гол во три потега.

Истиот играч во 66. минута постигна уште еден гол за конечни 3:0. Во 87. минута на стрелците им се приклучи и Лукаку, кој само четири минути порано влезе во игра за конечни 4:0.

Во вториот натпревар во истиот термин Порто исто така со 0:4 славеше на гости кај Клуб Бриж.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бенфика има катастрофални резултати и се наоѓа на дното во Лигата на шампионите, еве што вели Мурињо!

Бенфика вчера претрпе пораз од 1:0 на домашен терен во Лисабон од Баер Леверкузен во четвр…