Дома Трансфер зона Интер носи напаѓач од Русија

Интер носи напаѓач од Русија

По повредата на Алексис Санчез, раководството на Интер ги разгледуваат опциите за да донесе нов напаѓач во јануари.

Конте сака да има поголем ростер во нападот и има желба да донесе искусен напаѓач кој ќе може да биде алтернатива за Ромелу Лукаку.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Изминатите денови во италијанските медиуми се појавија имињата на Оливие Жиру и Златан Ибрахимовиќ, но мали се шансите некој од нив да пристигне на „Џузепе Меаца“.

Последните информации говорат дека „нероаѕурите“ би можеле во јануари да го донесат искусниот Артем Џуба од Зенит.

Неговиот договор со рускиот клуб завршува на крајот на сезоната, па големи се шансите во јануари да се пресели во Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…